• Горан Упале
Скандалот кој што се случи на натпреварот меѓу Скопје и Гевгелија во Купот на Македонија во ракомет во женска конкуренција беше една од темите на кои министерот за спорт Борко Ристовски зборуваше на гостувањето во ТВ Сител.
<<< ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Неверојатни сцени во женскиот Куп – си даваа автоголови за да не победат!
Ристовски истакна дека уште в понеделник ќе закаже состанок со одговорните лица на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и ќе предложи на двете екипи да им се одземе лиценцата за дејноста спорт.
„Ги погледнав снимките и веќе в понеделник на двата клуба ќе им биде одземена лиценцата за дејност спорт и не ќе можат да се натпреваруваат во домашниот шампионат. Ќе имаме и состанок со федереацијата за да се стават крај на ваквите груби кршења на спортските правила и истите да ги ставиме под контрола“, рече Ристовски.
Инаку, на средбата меѓу Скопје и Гевгелија во самиот финиш ракометарките сами си постигнуваа голови, со цел да не извојуваат победа и да обезбедат понатамошен пласман.