ФОТО: Ристовски со синот и Оршиќ го бодреше Загреб, се сретна и со Дибиров

Ракометниот клуб ППД Загреб ја запиша првата победа во Лигата на шампионите, откако синоќа славеше против Порто на Никола Митревски. 

На оваа средба, присутен во „Арена Загреб“ беше и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски. Фудбалерот на Динамо Загреб заедно со својот син и соиграчот Мислав Оршиќ беше во салата и го бодреше ракометниот клуб. 

По мечот, Ристовски со својот син се сретна со вардаровата легенда Тимуд Дибиров и направи фотографија за спомен. Покрај Дибиров, заедно со Оршиќ се фотографираа и со Гојун и Муса.