Ристовски: Со Франција не смеевме да дозволиме да ни падне концентрацијата

По мечот со Франција и поразот од 30-23, нашиот најпозитивен ракометар, Борко Ристовски јасно потенцираше која е причината за поразот. 

„Не смееме да дозволиме да ни паѓа концентрацијата. Со ваков противник мора да играме 60 минути. Денес одигравме одлична одбрана против силен противник и само така треба да продолжиме. Не е мнигу важно како бранев јас, дали добро или лошо, сакам уште еднаш да апострофирам дека концентрацијата и искуствито во вакви натпревари е одлучувачки фактор. Треба да анализираме и добро да се подготвиме за наредниот противник“, рече Борко Ристовски по мечот. 

В недела против Полска нашата селекција има нов голем испит, во кој ја има аутсајдерската улога.