• Мартин Танасковски

Голманот на Вардар 1961, Борко Ристовски, покажа дека има голем удел во екипата на „црвено-црните“ со неговото искуство кога е најпотребно. Во финишот, кога Еурофарм Пелистер беше во налет фати зицер и го вивна Вардар кон титулата.
Еурофарм Пелистер имаше напад за еден негатива на пет минути пред крајот по една контра. Топката на крило ја доби Гоце Ојлески, меѓутоа искусниот голман се испречи пред некогашниот репрезентативен колега и ги сопре пелистерци во налетот.
- Одбраната на Борко Ристовски:
Очекувано и емоциите го понесоа вардаровиот голман, па прослави бурно пред трибината. Борко Ристовски во повеќе наврати го спаси Вардар во второто полувреме и е еден од главните виновници за Куп-титулата.