Ристовски одличен во победата на Лемго над Ерланген 

Македонскиот чувар на мрежата кој пред неколку седмици изнендувачки го напушти Вардар 1961 и потпиша краткорочен договор со Лемго, Борко Ристовски, имаше одличен натпревар во Бундеслигата.

Во рамките од 14. коло во најсилната лига на светот, Лемго ја прекина лошата серија и со убедливи 34-27 славеше на соочувањето со тимот на Ерланген, кој, пак, продолжи да ниже неуспеси и го запиша четвртиот пораз во низа.

Искусниот Ристовски доби солидна минутажа на овој натпревар и одлично одговори на тоа, забележувајќи шест интервенции за нешто помалку од четириесет минути минати на терен.

Со оваа победа Лемго собра вкупно десет бода и е на четиринаесеттата позиција на табелата, додека Ерланген излез од кризата ќе бара против лидерот Фуксе Берлин.