Ристовски: Ние поискусните мораме да им дадеме поддршка на помладите, само така можеме до нов успех!

Македонската ракометна селекција уште од вчера е во Минхен, каде ќе ги игра сите пет натпревари од првата групна фаза на Светското првенство во Германија и Данска

Македонија, како никогаш досега подмладена ќе атакува на нови победи, а еден од поискусните, Борко Риствоски, смета дека до успех може да се стигне само со многу работа и голема поддршка од нив постарите, кон помладите, кои ќе дебитираат на големите настани. 

„Нашите амбиции и очекување се познати. Треба да работиме многу повеќе за разлика од претходните Светски и Европски првенства, доколку сакаме да стигнеме до втор круг. Оваа селекција ја красат многу млади играчи, на кои мора да им се даде потребната поддршка, а таа треба да дојде од нас поискусните. Не треба да чувствуваат никаков притисок, треба да одат само чекор по чекор и со наша помош да стигнеме до посакуваниот успех“, изјави Борко. 

Нашите момци денес го одржаа првиот официјален тренинг во Минхен, а првиот натпревар го играат утре против селекцијата на Јапонија

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0