Ристовски: И кога губевме со четири разлика, знаевме како да се вратиме!

Македонија доживеа безболен пораз со 26-25 од Романија во реванш натпреварот од бараж двомечот за пласман на Мундијалот во Германија и Данска. По одличната партија во Скопје, Борко Ристовски, беше одличен и во Клуж на вториот дуел.

„Рековме дека ќе биде тежок натпревар, Романија има добри играчи. Им дозволивме некои лесни голови. Се подготвиле малку поинаку од првиот натпревар. Одиграа подобро второ полувреме од нас. На крај победија, но ние знаевме како да го контролираме натпреварот. Губевме и со четири разлика, сепак останавме смирени и успеавме да се вратиме. Ако условите за игра беа подобри, мислам на високата температура, гледачите ќе можеа да видат и подобар натпревар“, изјави Ристовски.

Борко се избори за своето петто Светско првенство, откако првпат на Мундијал играше во Хрватска, а запиша настапи и во Шпанија, Катар и Франција.