Ристовски: Франција не е само Карабатиќ, мора да ги сопреме и останатите

Борко Ристовски пред мечот со Франција

Трансферот во Германија му годи на Борко Ристовски и подготвен ќе го дочека европското првенство. Самиот потенцира дека ситните повреди и болеста ги оставил зад себе и дека почнувајќи од денешниот меч против најсилниот можен противник, Франција, пак ќе го видиме оној стариот добар „министер за одбрана“.

„Треба да го сопреме Никола Карабатиќ, но ќе мора да се обидеме да ги сопреме сите нивни ѕвезди. Не може да се фокусираме само на најдобриот, затоа што Франција не е само Никола Карабатиќ. Мора да играме без страв и без никаков притисок, само така имаме свои шанси. Треба да му дадеме интензитет на нашата игра и каков и да биде резултатот не треба да не фаќа паника“, дециден беше Борко Ристовски.

Ристовски и Дупјачанец мора да бидат на висината на задачата ако сакаме да се надеваме на позитивен резултат против моќната селекција на Онеста.