Ристовска заврши со ракомет во Русија, но уште е „затворена“ во Москва

Руските шампионати прогласија крај поради пандемијата со коронавирусот, па така, македонската репрзентативка која настапува за ЦСКА Москва, Сара Ристовска, е слободна од клупски обврски.

Но, таа не може да се врати дома и е заробена во руската метропола. Ристовска не успеа да замине првиот пат, па границите се затворија, а сега се бара начин како таа да биде транспортирана до Македонија.

Заедно со нега во земјата е и Шана Масон од Бразил. Едуард Акопјан, генералниот директор на ЦСКА Москва, истакна дека двете девојки моментално се затворени во странска земја како во четири ѕида и дека се бара начин тие да се вратат дома.

Шампион во Русија во женска конкуренција е Ростов Дон. Сара Ристовска се очекува да остане уште една година во редовите на ЦСКА Москва во чиј ростер играше главна улога.