Ристовска втор стрелец за ЦСКА во поразот од перфектните „змии“

Македонската ракометарка Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва направија чекор назад во битката за горните позиции на табелата во Лигата на шампионите кои водат директно во четвртфиналето. Три кола по ред се без успех, или вкупно четири во последните пет меча.

Последниот скалп на рускиот тим му го зеде Виперс Кристиансанд кој игра во перфектна форма. Норвешкиот тим победи во Русија (28-32) и ја запиша петтата победа по ред во Лигата на шампионите со која го презеде второто место на табелата.

Ристовска имаше одличен натпревар, заврши како втор стрелец на ЦСКА со четири гола, додека прво име беше Дмитриева со шест реализации. Кај Кристијансанд, Јерабкова даде осум, пред Гулден со пет погодоци.

Во вториот натпревар Крим со катастрофално прво полувреме потклекна пред Одензе (19-24). Во првите триесет минути словенечкиот шампион му даде само пет гола на противникот.