• Мартин Танасковски
Македонската репрезентативка Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва забележаа голема победа во женската ракометна Лига на шампиони.
Рускиот првак гостуваше кај европскиот шампион Кристијансанд Виперс и дојде до мега-изненадување и триумф (24-27). Сара Ристовска беше една од најдобрите на терен и постигна четири гола од четири обида.
Ѓер не виде проблеми и дојде до полн плен на гости кај Мец (29-33). Есбјерг тесно ја победи хрватска Подравка (26-27), додека Ростов-Дон на домашен терен беше убедлив со Дортмунд (37-27).
Победа со пресврт забелеша Ференцварош, кој на домашен терен беше минимален со Брест Бретањ (28-27).