Ристовска скромна на кам-бекот во Лигата на шампионите

Ракометарките на Рапид Букурешт тргнаа со победа во женската Лига на шампионки, на домашниот меч против Будуќност (32-27). Романскиот колектив беше подобар во вториот дел од мечот и со тоа дојде до триумф. По целосно израмнет прв дел (15-15), Рапид убедливо поведе во второто полувреме.

По неколку сезони во овој тим трансфер направи македонската репрезентативка Сара Ристовска. Македонката имаше мала минутажа на стартот на Лигата на шампионите. Таа забележа еден погодок во финишот на мечот. 

Ристовска последен пат играше во елитното натпреварување со ЦСКА во сезоната 2021/22. Претходно во елитното натпреварување настапуваше за Металург, Вардар и Крим Меркатор.

На останатите терени нерешени 29-29 одиграа Сторхамар и Мец, додека Оденсе беше убедлив против Лудвигсбург со 28-22.