Ристовска одлична, ЦСКА се враќа со -5 од Букурешт

Македонската репрезентативка Сара Ристовска одигра одличен натпревар, но нејзиниот клуб, ЦСКА Москва загуби со на гостувањето кај поранешниот европскиот првак ЦСМ Букурешт со 32-27 (20-12). Првиот четвртфиналето натпревар од Лигата на шампионите мина во знакот на постојано водство на Романките, но ЦСКА остана со шанси за пресврт следната сабота во Москва.

Сара Ристовска постигна пет гола од седум обиди и беше една од најдобрите во поразениот тим од Русија. Најдобар стрелец кај ЦСКА беше Скоробогаченко со шест погодоци. Многу поискусната и поквалитетна екипа на ЦСМ Букурешт најдобри поединки имаше во Неагу и Лазовиќ со по шест погодоци. Најдобрата романска ракометарка промаши дури десет шутеви, што е невообичаено за нејзината класа и квалитет. 

Попладнево се игра натпреварот меѓу Будуќност и Ѓер, а утре меѓусебе играат француските екипи Брест Бретањ и Мец. Кристиансанд и Ростов двапати ќе се сретнат следниот викенд.