Ристовска: Мора да сме заедно и да се бориме до последна минута

Нашите најдобри ракометарки очекувано го претрпеа и вториот пораз на Европското првенство. Синоќа загубивме од селекцијата на Холандија со 30-15, во натпревар кој наликуваше на оној во саботата против Франција

Во Арената „Борис Трајковски“ фаворитот за медал беше далеку подобар противник од избраничките на Савевски и сосема заслужено прокнижи два бода. Натпреварот беше решен уште кон средината на првиот дел кога Холанѓанките направија голема предност од седум голови.

Сепак, поуки може да се извлечат и од овој натпревар, за подобро да се претставиме против Романија утре попладне. Своите очекувања ги изнесе Сара Ристовска, која беше прогласена за играч на натпреварот против „лалињата“.

„Сакам да им се заблагодарам на сите кои беа со нас на воведните две средби. Искрено, морам да напоменам дека ние сме без искуство на вакви големи натпреварувања, го скршивме мразот со Франција, тргнавме со пораз, потоа и со Холандија. Имаме многу грешки во играта, мора да ги исправиме, верувам дека неискуството го прави своето. Претрпевме два порази, но имаме уште еден меч кој е важен за нас. Верувам дека ќе направиме добра анализа, повеќе ќе веруваме во нас и да покажеме повеќе од претходните две средби. Мора да бидеме борбени до последната минута и да бидеме заедно. Романија ќе ни биде последна шанса во групата за такво нешто“, изјави Ристовска.

Романките во вториот дел против Франција целосно се предадоа и започнаа да ги штетат силите за дуелот со Македонија