• Мартин Танасковски
Сара Ристовска е една од најискусните ракометарки во оваа селекција на Македонија, која, за жал, не успеа да се пласира на Светското првенство (СП). Сонот за Мундијал заврши со два порази од Полска, овој вториот во Битола со два разлика (21-23), а другиот во Кошалин беше четири гола.
„Имавме голема поддршка на овој натпревар кој мина во феноменална атмосфера. Покажавме дека можеме и вредиме да играме и да не поддржуваат и следат луѓето. Штета што некои ситуации кога најмногу требаше не ги искористивме. Сепак, сметам дека оваа селекција има светла иднина, сите девојки се вредни, го сакаат ракометот, посебно помладите. Верувам дека во блиска иднина ќе имаме некој ростер што ќе покаже дека Македонија може и дека ќе се пласира на првенствата кои ми следат.“, изјави Ристовска.
Нашиот национален тим е без настап на СП веќе 18 години, додека на Европските првенства имаме три настапи во низа.