Ристовска и Младеновска во иста група во ЛШ, ги чекаат мечеви со медалисти

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) на ждрепка ги одреди групите за женската ракометна Лига на шампиони во која Македонија нова година по ред нема да има тимски претставник, но ќе има две ракометарки.

Сара Ристовска со романски Рапид Букурешт и Ива Младеновска со француски Брест Бретањ ќе бидат дел од групната фаза. Ждрепката ги одреди двете групи, а посака нашите репрезентативки да се најдат во истата група.

Покрај Рапид и Брест, тука заедно се некогашните прваци Вајперс, Будуќност, Ѓер, како и учесниците на Ф4 - Есбјерг и Лудвигсбург.

Група А: 
Ференцварош, Мец, ЦСМ Букурешт, Крим, Стормхамар, Никобинг, Подравка, Глорија

Група Б: 
Вајперс, Есбјерг, Будуќност, Лудвигсбург, Ѓер. Брест, Рапид, Одензе

Сезоната во женската Лигата на шампионите ќе се игра од септември 2024 до јуни 2025 година, а титулата ќе ја брани унгарски Ѓер кој во финалето на Ф4-турнирот беше подобар од бундеслигашот Битигхајм.