
Словенечкиот шампион Крим одамна веќе нема конуренција во шампионатот, а како што тргна, и во новата сезона ќе ги победува ривалите со двоцифрена разлика. По победата над градскиот ривал Љубљана, Крим славеше и над Целеја Жалец со 34-17.
Избраничките на Урош Брегар во ниту еден момент не им дозволија на противничките да помислат дека може нешто повеќе да направат на овој дуел и константно до крајот на мечот ја зголемуваа предност, што изнесуваше двојно повеќе, 17 голови разлика.
Македонската репрезентативка Сара Ристовска беше трет стрелец во победничкиот состав и успеа да постигне пет голови, додека поранешната вардарка Тамара Мавсар беше најефикасна со девет погодоци.