Ристовска и ЦСКА Москва ја продолжија доминацијата во Русија

Македонската ракометарка Сара Ристовска и нејзината ЦСКА Москва ја заокружија доминантната сезона во Русија со домашната титула.

Во новиот меч од плеј-офот, ЦСКА Москва беше подобра од Ростов Дон со резултат 35-29 и така ја освои титулата во првенството. Крилото на овој натпревар постигна четири гола, а по мечот го доби и МВП признанието.

Ова беше трета домашна титула за ЦСКА Москва и така тимот ги обедини сите трофеи на сцената во Русија.

Сара Ристовска е во ЦСКА од 2019 година и заедно со колешките успеаја да го симнат Ростов Дон од тронот во рускиот ракомет. Претходно, таа ги носеше и дресовите на Крим, ЖРК Вардар и ЖРК Металург.