Ристовска: Дадовме голема „жртва“ за овој успех, сега сакаме и СП

Крилото Сара Ристовска не го криеше задоволството по триумфот над Турција (23-30) и пласманот на Македонија во баражот за место на Светското првенство (СП) кое во 2019 година ќе се игра во Јапонија.

Најдобриот стрелец на мечот со Турчинките истакна дека успехот е плод на тешките тренинзи во изминатите две седмици, а истовремено таа посака, Македонија да се најде на големиот ракометен настан в година.

„Почнувајќи од себе и останатите девојки, сигурна сум дека го дадовме максимумот. Се спремавме пеколно за овој турнир и трите меча, работевме напорно две недели и бевме фокусирани на тоа. Навистина одигравме како што трениравме, нормално имаше падови во играта, но бевме дисциплинирани и се кревавме и доаѓавме до резултати. Сега за нас следи баражот, каде судбина ни е Шведска. Но, сеедно е кој да дојде, немаме посакуван противник. Имаме доволно време да се спремаме и конечно да се пласираме на едно првенство. Очекувани се победите, затоа што трениравме добро. Во трите меча покажавме поинаква игра од претходно, брза игра со побрз пас, без брзање и страшна одбрана“, изјави Ристовска.

Оваа генерација на Македонија направи чекор напред во женскиот ракомет, но и покрај тоа очекувањата кај ракометарките и понатаму се скромни. Ривалот во баражот Македонија ќе го добие пред крајот на ЕП, на ждрепка.