• Мартин Танасковски

Македонската репрезентативка Сара Ристовска постигна еден од најубавите голови за ЦСКА Москва во досегашниот дел од сезоната.
Крилото досега играше одлично во Русија, ама шампионатот е во прекин поради коронавирусот кој беснее во Европа. Голот на Ристовска се најде на шестото место во клупскиот избор, од вкупно десет гола.
- Голот на Ристовска во ТОП-10 на ЦСКА Москва:
Сара Ристовска наскоро ќе потпише нов договор со рускиот ракометен тим кој се најавува како голем проект. Во ЦСКА Москва нашата ракометарка пристигна од Крим, а претходно ги носеше дресовите на ЖРК Вардар и Металург.