Ристо Арнаудовски потпиша за првакот на Австрија, Алпла Хард

Македонскиот интернационалец Ристо Арнаудовски во новата сезона ќе го носи дресот на шампионот на Австрија, Алпла Хард. 35-годишниот Арнаудовски останува во Австрија, но го менува клубот и од Ферлах се сели во Алпла Хард. 

Арнаудовски дебитираше на едно големо натпреварување на Светското првенство во Франција на натпреварот против Норвешка во осминафиналето.

Алпла Хард веројатно ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, но нема големи опции да влезе меѓу најсилните тимово кои ќе се натпреваруваат во елитата.

За Арнаудовски ова е уште едно големо искуство во странство, со оглед на тоа што пред да дојде во Австрија, настапуваше и во Германија