• Иван Димовски
Еурофарм Пелистер го претрпе и вториот пораз во Лигата на шампионите, прв на домашен паркет во „Боро Чурлевски“ овојпат од Фуксе Берлин со 22-30. Битолчани немаа сили за сензација и забележаа неуспех против фаворитот од Германија.
На средбата со седмата сила освен тренерот Ангеловски се обрати и младиот ракометар Самоил Ристевски кој дебитираше во елитното натпреварување.
„Да играш во Лигата на шампионите е сон за секое дете кое игра ракомет. Секако денес Фуксе беше подобар и мислам дека собравме искуство од овој меч. Се надеваме на подобри игри во следните натпревари“, изјави Ристевски.
Младиот ракометар на пелистерци на своето деби во Лигата на шампионите постигна три погодоци.