Ричардсон е МВП на Ф4 во Келн, Шипжак топ-стрелец на сезоната

Екипата на Барселона дојде до рекордната 12. титула во Лигата на шампионите, а од таборот на Блауграна доаѓа и МВП на Ф4-турнирот во ракометната елита.

За најдобар играч на завршниот турнир прогласен е Мелвин Ричардсон од Барселона. За 27-годишникот ова беше прва награда за најдобар играч, додека втора круна во Лигата на шампионите по онаа со Монпелје во 2018 година.

Како најдобар стрелец во Лигата на шампионите оваа сезона завршува Камил Шипжак од ПСЖ со вкупно 112 гола. Тој е првиот Полјак кој го освоил ова престижно издание, а исто така и првиот кружен напаѓач топ-стрелец во елитата.