ФОТО: Рибера, Хота, Червар не пропуштаат ни најмал детаљ од кадетскиот Мундијал

Македонската кадетска репрезентација денес нема официјален натпревар на Светското првенство во Скопје, но трибините повторно се добро исполнети, а стручните лица со внимание го следат секој детаљ од натпреварите.

Шпанскиот селектор и европски првак во Хрватска 2018 година, Жорди Рибера, во друштво на Хога Гонзалез го следат дуелот меѓу Бразил и Исланд во СЦ „Борис Трајковски“. Недалеку од нив е Лино Червар во добро друштво од своите денови поминати во Металург.

Франција го совада Египет, а Германија го декласира Тунис во досега одиграните натпревари од второт коло на Мундијалот за кадети во нашата земја.