Рибера го повика Кањељас и истиот ростер од Хрватска за дуелот со Тунис

Европскиот првак Шпанија за првпат ќе одигра официјален натпревар по освојувањето на континенталната титула во Загреб на 28 јануари. Селекторот Жорди Рибера го потврди ростерот кој ја освои титулата, со иксклучок на Арпад Штербик и повредените Гвардиола и Белегер за дуелот со Тунис на 7 април во Сиудад Реал.

Рибера се одлучи да го повика вардарецот Жоан Кањељас, а првпат во дресот со државниот грб ќе настапат јуниорите Базан и Одриозола. Натпреварот Шпанија - Тунис ќе се одржи во рамките на априлската ЕХФ-недела, во која цела Европа ќе одигра пријателски или турнирски натпревари.

Овој дуел е еден вид враќање на селекцијата во Сиудад Реал по петгодишна пауза. Своевремено истоимениот клуб за кој играше и нашиот Кире Лазаров, „жареше и палеше“ во европскиот ракомет.