„Рибарите“ добиле ќотек, а Охрид прими казна од 60.000 денари

Ракометниот клуб Охрид ќе треба да уплати казна на адреса на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), поради, наводно, недолично однесување на навивачите на натпреварот меѓу Прилеп и Охрид одигран во ракометната Суперлига.

Натпреварот одредено време беше во прекин, а крајот не го дочекаа „Рибарите“, кои беа отстранети од салата. Клубот доби казна од 60.000 денари, а причина се навивачите. Од РФМ ги немаат наведено точните причини за казната, а со соопштение се огласија навивачите на Охрид, кои обвинуваат за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата.

„Организирано се упативме за Прилеп околу 70 луѓе. Со доцнење поради проблеми со едно од комбињата, пристигнавме во 22. минута од натпреварот и влеговме со песна за нашиот Охрид, но по кратко време натпреварот беше прекинат од судијата Ѓорги Начевски.

Дојде до инцидент кога еден наш член додека го местевме нашиот транспарент беше турнат од страна на судијата Начевски. По одиграниот натпревар во Прилеп, ние како навивачка група сме згрозени од „чуварите на редот" (полицијата) , прекумерното употребување на сила доведе до видливи телесни повреди на членови од навивачката група „Рибари“, еден наш член беше со видлива расекотина на главата, па заврши на хирургија“, велат од навивачката група.

Мечот во Прилеп заврши со победа на гостинот од Охрид.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 6 5 1 0 205:150 55 16
2 Пролет 62Пролет 62 6 4 2 0 177:163 14 14
3 Охрид 2013Охрид 2013 5 4 0 1 135:110 25 12
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 5 4 0 1 143:122 21 12
5 РадовишРадовиш 6 3 0 3 190:183 7 9
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 6 2 0 4 156:185 -29 6
7 ПелистерПелистер 5 1 2 2 117:123 -6 5
8 РаботничкиРаботнички 5 1 1 3 147:171 -24 4
9 СтругаСтруга 6 0 1 5 142:168 -26 1
10 Металург 2Металург 2 6 0 1 5 182:219 -37 1