„Рибари“ се враќаат на ракометните натпревари, подготвуваат спектакл за дербито со Вардар

По подолги дебати помеѓу членството и по согледување на сите околности навивачката група „Рибари“  официјално објави дека се враќа на натпреварите на ГРК „Охрид“.

„Беше мнигу болно да се гледа како клубот губи поради нашето отсуство. А тоа е клубот на кој му ја дадовме младоста. Се враќаме само поради Охрид. Читајте добро, само поради Охрид, не поради Горан Андоноски. Борбата ја продолжуваме со наше масовно присуство во сала.

Сега со гордост можеме да кажеме дека ГРК Охрид повторно ја добива својата душа, а тоа сме ние – навивачката група „Рибари“, без која клубот не може да биде ист. Повеќе никој нема да може да си игра со клубот, бидејќи ние ќе сме тука да се спротивставиме на секоја неправда“, порачаа од навивачката група Рибари.

Првата домашна средба со присуство на „Рибари“ на трибините е дуелот помеѓу екипите на ГРК Охрид и  РК Вардар.