• Иван Димовски
Ракометната репрезентација на Македонија ја дочека Словенија во второто коло од квалификацискиот циклус за Европското првенство за дами. По стартниот пораз од Германија во Гумерсбах, сега девојките во Битола првпат беа и домаќин.
Пред стартот на натпреварот Ракометната федерација на Македонија реши да им подари врамен дрес на три поранешни репрезентативки. Станува збор за поранешната капитенка Елена Ѓорѓиевска која имаше преку 100 настапи за националниот тим и доби дрес од првиот човек на федерацијата Александар Стефанов.
Освен неа врамен дрес доби и крилото Јована Саздовска кој ѝ го врачи генералниот секретар Влатко Тасевски. Сувенир за да го памети времето во репрезентацијата доби и Симона Маџовска, а врамениот дрес ѝ го подари Индира Кастратовиќ.



