• Горан Упале
Со синоќешниот натпревар од Суперкупот на Македонија и официјално започна новата ракометна сезона во Македонија. Домаќин на првата битка за трофеј беше Гевгелија, град кој се покажа како одличен организатор на еден вака голем настан.
Тоа го потврди и Ракометната федерација на Македонија, која преку соопштение им се заблагодари на гевгеличани за успешната организација на Суперкупот.
„Почитувани. Ракометната Федерација на Македонија упатува голема благодарност до Андон Сарамандов - градоначалник на Општина Гевгелија и РК Партизан Гевгелија, за спроведувањето и учество во организацијата на Суперкуп натпреварот 2024 кој се одржа во спортската сала 2во Гевгелија. Воедно изразуваме искрени честитки и пофалби во делот на организација за топлиот прием за играчите, тренерите, службениците лица и гледачите кои беа присутни во спортската сала во Гевгелија. Заедничкиот придонес на сите инволвирани чинители во ракометниот спорт, е заложба и приоритет за одржување на епитетот национален спорт број еден“, стои во објавата на федерацијата
Инаку, освојувач на Суперкупот е екипата на Алкалоид, која што славеше заслужена победа над шампионот Еурофарм Пелистер.