• Мартин Танасковски
По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата во износ од 3.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство во ракомет.
Македонската сениорска репрезентација на ракометниот Мундијал настапи во хрватски Вараждин и успеа да се пласира од прелиминарната во главната фаза од натпреварувањето. Во првата фаза, Македонија ремизира со Унгарија и ја победи Гвинеја, додека во втората фаза ремизира со Австрија и го победи Катар.
Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи учество на девети последователен ракометен светски шампионат по ред.