РФМ им честита на Карбеска и Илиева за одсуденото финале во ЕЛ

Македонските ракометни судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева добија голема чест од ЕХФ и беа делегирани за финалниот меч од завршниот турнир во Европската лига.

Судискиот пар кај дамите има одсудено многу мечеви во Лигата на шампионите и во Европскиот Куп, па нивното делегирање за завршниот турнир беше еден вид на награда за досега сработеното на највисоко можно ниво.

Силвана Карбеска и Марија Илиева одлично си ја завршија својата задача, а по тој повод добија честитки од Ракометната федерација на Македонија.

„Ракометна Федерација на Македонија  упатува честитки до женскиот судиски пар Силвана Карбеска и Марија Илиева за одсуденото финале во ЕЛ. РФМ им посакува успех во понатамошната судиска кариера“, стои во објавата на РФМ.

Карбеска и Илиева го судеа финалето меѓу Икаст и Турингер.