РФМ го исполни ветеното и ги исплати наградите за националните селекции!

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес ги исплати наградите на националните селекции. 

Така два милиони денари доби машката сениорска репрезентација, за пласманот на Светското првенство во 2025 година, кое ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и Данска. Еден милион денари ќе поделат ракометарите и стручниот штаб на младинската, за освоено деветто место на М20 Европското првенство, кое оваа година се одржи во Словенија.

Два милиони денари доби и женската сениорска репрезентација за пласманот на Европското првенство, кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство по одиграните бараж натпревари со селекцијата на Фарски Острови. Сениорите својот настап на светското првенство ќе го имаат во градот Вараждин, Хрватска и ќе разигруваат во прелиминарниот дел во групата со селекциите на Унгарија , Холандија и Гвинеја.

Машката кадетска ракометна репрезентација со прикажаните одлични настапи на Европското првенатво до 20 години и веќе следната година ги очекува учество на Светското првенство, кое ќе се одржи во Полска во периодот 18 - 29 јуни 2025 година.

Женската сениорска репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство преку квалификациите, како второ пласирана во групата. Европското првенство годинава во женска конкуренција за првпат ќе биде организирано со 24 селекции, а нашите сениорки својот настап во прелиминарната група ќе го имаат со селекциите на Унгарија, Турција и Шведска во градот Дебрецин, Унгарија.