• Мартин Танасковски

Искусниот пивот Никола Маркоски ја заврши кариерата пред почетокот на оваа сезона, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) со убав гест го испочитува за она што тој го даде во дресот со државниот грб.
36-годишниот Маркоски долги години го носеше дресот на Македонија, а последен клуб му беше Алкалоид. Главниот дефанзивец е единствениот играч кој играл за четирите најдобри клубови во мак-ракометот, Вардар, Алкалоид, Металург и Пелистер.
Првиот човек на РФМ, Александар Стефанов, му врачи врамен дрес на Маркоски, а публиката го поздрави со аплауз пред натпреварот меѓу Македонија и Луксембург.
Во моментов, Никола Маркоски е член на стручниот штаб на Мулти Есенс предводен од Никола Матлиески.





