РФМ ги пушти во продажба билетите за баражот на Македонија и Словачка

Ракометна федерација на Македонија (РФМ) официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот од баражот за пласман на Светското првенство 2027 против Словачка.

Билетите се достапни онлајн, а цените изнесуваат 400 и 500 денари, во зависност од местото на седење во СЦ Борис Трајковски.

Македонската репрезентација првиот натпревар ќе го одигра на гостински терен во Прешов, на 14 мај од 19:00 часот во Татран Арена.

Реваншот во Скопје е закажан за 17 мај од 19:00 часот, по кој ќе биде познат патникот на Мундијалот во Германија следната година.