• Мартин Танасковски

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги одреди судиите за големото ракометно дерби меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер кое на програмата е овој викенд во рамки на плеј-офот од Суперлигата.
Димитар Митревски и Благојче Тодоровски се судискиот пар кој ќе биде на теренот во СЦ „Јане Сандански“ во првата сезонска битка за домашната ракометна титула.
Тандемот Митревски-Тодоровски е меѓу ЕХФ судиите 15 години. Лани судеа на Ф4-турнирот во Европската лига на ЕХФ, а пред две недели беа дел од дуелот меѓу Гепинген и Монпелје кој беше одлучувачки за првото место во групата во ЕЛ.
Делегати на средбата се Драган Начевски и Ацо Николовски. Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра во недела со почеток од 18:00 часот.