• Саше Љолес
Ракометната федерација на Македонија изрече сериозни и драконски казни за клубовите ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје, кои беа во центарот на случувањата кои беа окарактеризирани како неспортски, неморални и спротивни на фер-плеј начелата.
Двете екипи одиграа натпревар од Купот на Македонија во кој си постигнуваа авто-голови и предизвикаа огромно чудење во јавноста, а по преземените дејствија, Ракометната федерација одлучи да ги исклучи од натамошно натпреварување и им ја изрече најстрогата дисциплинска санкција - исклучување од ракометната федерација.
Строга казна добија челните лица на клубовите и тренерите Валентина Радуловиќ и Веселинка Тренковска, чии лиценци се одземаат во времетраење од две години, а суспензија доби и делегатот/контролор Митко Ѓорѓиевски, кој нема да може да ја извршува оваа функција во следните шест месеци.