РФМ дели премии: Дамите до награда за трите победи, одредени сумите и за мажите

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе одлуки за одредување на парични награди за сениорската женска и сениорската машка ракометна репрезентација. 

  • Одлуката на Управниот одбор при РФМ: 

Според одлуките на Управниот одбор, женската селекција на Македонија која со максимални три победи во квалификациите во Скопје обезбеди бараж за пласман на Светското првенство ќе подели премија од 10.000 евра, додека при евентуален пласман на Мундијалот, ракометарките ќе добијат уште 40.000 евра. 

Од друга страна, момците на Кирил Лазаров сè уште не обезбедија премија, но се на добар пат да го исполнат тоа, а РФМ ги одреди сумите. Бидејќи само чудо од две победи на Швајцарија против Данска и над Македонија ќе го остави составот без пласман на Европското првенство, РФМ веќе ги одреди премиите. 

Доколку Македонија заврши на првата позиција во квалификациската група, ракометарите ќе поделат 40.000 евра. Ако нашата селекција заврши втора со десет освоени бодови (во случај на победи над Швајцарија и Финска) ќе добие премија од 30.000 евра, а доколку има помалку од десет бодови играчите ќе поделат 20.000 евра. 

По триумфот над светскиот првак Данска во Скопје, на селекторското деби на Кирил Лазаров, Ракометната федерација на Македонија им подели на ракометарите 20.000 евра премии за подвигот, а до крајот на квалификациите ќе добијат и нова финансиска награда.