Македонскиот репрезентативец Филип Талески го одигра последниот натпревар за Вардар 1961. Дуелот со Алкалоид во Скопје беше простување за бекот од „црвено-црните“, затоа што заминува во Бенфика.
Ракометарите на Алкалоид одиграа уште една неверојатна партија и вторпат сезонава го совладаа Вардар (21-25), овојпат како гостин во СЦ „Јане Сандански“. Со овој триумф четата на Лазаров го осигура второто место на табелата, а со тоа и директен пласман во Европската лига на ЕХФ. Во нов драматичен натпревар вардарци премногу грешеа, па тоа беше казнето од страна на мотивираниот противник.
Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 се збогува со двајца од актуелните првотимци. Куни Моралес и Филип Талески ќе имаат нови клубови во следната сезона.
Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Талески од следната сезона ќе има нов предизвик. На левиот бек по завршувањето на оваа сезона му истекува договорот со Вардар, а откако нема да има продолжување на истиот, стана јасно дека Талески во новата сезона ќе брани бои на нов клуб.