• Суперлига

    Пролет немоќен во Битола, прва победа за пелистерци по ерата на Валтер

    Ракометарите на Еурофарм Пелистер се радуваа на четврта плеј-оф победа во исто толку натпревари во Суперлигата на Македонија. Овојпат во салата „Боро Чурлевски“ падна Пролет (32-26). Скопјани немаа сили да му парираат на фаворитот за титула, пружија отпор, ама не успеаја да изненадат. За пелистерци ова беше прва средба по ерата на Ларс Валтер, од клупата тимот го водеше Божидар Мојсов, а се очекува промоција на нов тренер во следниот период. 

  • Еурофарм Пелистер рутински преку Пролет до ново плеј-оф славје

    Ракометарите на Еурофарм Пелистер останаа максимални по четири рунди во плеј-офот на Суперлигата, откако му го нанесоа четвртиот пораз на Пролет со 32-26 (19-14). Пресметката во салата „Боро Чурлевски“ беше практично едносмерна, бидејќи авторитот од стартот се наметна, водеше и играше сигурно и покрај тоа што овој дуел доаѓа во склоп на тешкиот распоред. Првите минути во новиот дрес ги одигра српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ.