• Суперлига

    Хорват го скокна дербито, првакот максимален во Суперлигата

    Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 продолжи да победува во Суперлигата. На домашен терен „црвено-црните“ славеа во градската пресметка со Металург (38-30) и останаа максимални. Поради правилата за странски играчи на домашната сцена, Вујовиќ не можеше да смета на сите ракометари кои доаѓаат надвор од нашата земја и мораше да им даде поголема шанса на домашните имиња. Металург беше рамноправен речиси цела средба, но потклекна во финишот, поточно во последните пет минути во кои не постигна гол, а вардарци влегоа во серија од шест гола. Гостинот беше без главната ѕвезда Златко Хорват. За Вардар ова беше шеста победа во шестата средба.

  • Металург потклекна во финишот, Вардар прокнижи нов триумф

    Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 продолжи да победува во Суперлигата. На домашен терен „црвено-црните“ славеа во градската пресметка со Металург (38-30) и останаа максимални.