• Охрид славеше убедлива победа против тимот на Борец

    Ракометарите на Охрид 2013, во рамките на 12. коло на ракометната Суперлига очекувано и сосема заслужено, во „Билјанини извори“ славеа победа против ГРК Борец со 43-29 (22-10). За ракометарите на Андоновски денешната победа е нивна деветта во елитниот ракомет на Македонија и со тоа ја продолжуват својата битка за пласман во плеј-офот.