• Пролет не дозволи изненадување и запиша значајна победа против Охрид

    Ракометарите на Охрид не успеаја да направат изненадување на стартот на новата сезона во Суперлигата и загубија на гостувањето кај Пролет со 28-24. Избраниците на Горан Андоновски отворија одлично, со водство од 0-4. Домашните првиот гол го постигнаа во 6. минута преку Андоновски, а домашната серија продолжи и Пролет се врати на гол негатива, 3-4. Во следниот период се играше гол за гол, но Охрид константно го имаше водството.