• Поранешните вардарци го срушија ПСЖ, Барса слави четвртфинале

    Францускиот гигант ПСЖ загуби во Унгарија од ПИК Сегед со 32-29 (15-18) во рамките на 12. коло од групата А на Лигата на шампионите. Овој пораз на „светците“ на Раул Гонзалез од неговиот учител Хуан Карлос Пастор значи дека Барселона ќе биде победник во групата и директно се квалификува во четвртфиналето. Од групата Б, каде што игра Вардар, четвртфиналето на неколку кола пред крајот на групната фаза ја обезбеди бундеслигашот Кил.