Првпат сезонава Металург се враќа со полн плен од едно гостување. Покажан е карактер во последните минути од натпреварот во Букурешт и екипата на Данило Брестовац ја совлада Стеауа со 26-28.
Македонскиот вицешампион Металург ја запиша втората победа во СЕХА лигата, откако попладнево во Букурешт ја совлада Стеауа со 26-28 (12-11). За македонскиот претставник дебитираше Дупјачанец, кој подоцна се испостави како една од најсветлите точки во натпреварот.
По долгата пауза, Металург утре ќе одигра натпревар во СЕХА-лигата. Вицешампионот гостува кај екипата на Стеауа Букурешт, а овој натпревар е закажан за утре со почеток во 17:15 часот по македонско време.