Требаше да минат години и години и многу официјални натпревари за Татран Прешов да го совлада Вардар 1961. Победата доаѓа кога Словаците најмалку се надеваа, заради големата реконструкција и намалувањето на буџетот.
Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски се врати во Вардар, но во првиот меч по СП 2023 тимот доживеа пораз од Татран Прешов во СЕХА-лигата. По мечот, крилото му честита на противникот за подобрата игра.
Вардар 1961 отвори со пораз во првиот официјален меч во 2023 година. Тимот доживеа пораз од Татран Прешов, прв во последните десет години од овој ривал, а од епилогот во Словачка незадоволен е капитенот на екипата, Столе Стоилов.
Вардар ја отвори сезоната во СЕХА-лигата со пораз кај Татран Прешов. По првиот неуспех против словачкиот ривал по десет години или вкупно 13 средби, тренерот Владо Недановски истакна дека оваа победа била заслужена на Татран и главно изненадување била одбраната.
Најтрофејниот македонски ракометен тим Вардар 1961 со пораз од Татран Прешов (27-23) ја отвори новата сезона во ракометната СЕХА-лига и така ја прекина добрата серија која ја имаше против словачкиот првак.
Долго очекуваниот старт на СЕХА лигата за сезоната 2022/23 дојде напоредно со Светското првенство, откако во петокот Војводина и Нексе Нашице го одиграа првиот натпревар. Сепак, премиерата во А групата и на еден македонски тим викендов ќе ја одиграат Татран од Словачка и Вардар 1961, кој е најтрофееен клуб во ова натпреварување.
Милан Лазаревски е еден од играчите на Вардар кои конкурираат за настап против Татран Прешов во СЕХА. Пред гостувањето во Словачка, кружниот напаѓач кажа дека ривалот е квалитетен, ама се ќе зависи од играта на вардарци.
Вардар ја стартува авантурата во СЕХА-лигата со гостување во Словачка, кај тамошниот шампион Татран Прешов. Пред натпреварот на „црвено-црните“, тренерот Владо Недановски откри дека тимот има кадровски проблеми.
Ракометарите на Вардар 1961 ја одработуваат последната фаза од подготовките за пролетниот дел од сезоната, а викендов веќе го имаат првиот предизвик. Во Прешов, Словачка македонскиот шампион ќе ја отвори новата сезона во СЕХА лигата.