Убедливиот пораз на Мец е веста на викендот и редовното коло на женската Лига на шампиони. Подобри од Французинките беа ракометарите на Есбјерг кои извојуваа победа од 35-28. Блескав натпревар одигра Кристине Брестјал, автор на дури девет погодоци. Рамо до рамо со неа беше Реистад, автор на осум погодоци. На Мец не му помогнаа ниту седумте гола на Кристина Јоргенсен.