• Лазаров го „изрешета“ Ним: Погоди 9/9 од седум метри!

    Нант влезе во последниот месец од годината во врвна форма и по ремито во Данска во Европската лига, им се врати на победите во француското првенство. Кирил Лазаров одигра ефикасен натпревар во гостинската победа на Нант кај Ним, екипа која игра во групата со Еурофарм Пелистер фо Европската лига. Екипата на Алберто Ентрериос триумфално се врати од Ним, каде извојува победа од 26-34 (13-15)