Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 моќно ја затвори групната фаза во Лигата на шампионите. По победите над Монпелје и ППД Загреб, на менито на четата на Давид Дејвис следеше норвешкиот шампион Елверум, кој за дома се врати со убедлив пораз од 39-30.
Ракометарите на Вардар 1961 со фуриозна завршница го победија Елверум (39-30) во последниот, четиринаесетти дуел од групната фаза на Лигата на шампионите. Иако норвешкиот ривал сериозно му се спротивстави на македонскиот првак и во еден момент водеше со +3, сепак се распадна во финишот и загуби убедливо. Давид Дејвис Камара ја запиша третата победа во елитното друштво од исто толку натпревари. По славјата над Монпелје и ППД Загреб, како и службениот триумф над Мешков Брест, Вардар со Дејвис е непоразен и затоа како петти патува во нокаут рундата. Во осминафиналето пред „црвено-црните“ е двомеч со унгарски Веспрем.
Ракометарите на Елверум пружија солиден отпор, ама немаа сили за подвиг и загубија од Вардар во СЦ „Јане Сандански“. Норвежаните немаа резултатски императив и поразот не е многу болен, а своето мислење во средбата со медиумите го изнесе тренерот Борге Лунд.
Екипата на Вардар 1961 успеа да го победи Елверум во рамките на последната рунда во групите на ЕХФ Лигата на шампионите (39-30). Во изедначен натпревар со пресврти, на крајот сепак се радуваа „црвено-црните“ и домашната публика.
Ракометарите на Вардар 1961 победија во дуелот со Елверум во последната рунда од групната фаза на Лигата на шампионите. Дуелот во СЦ „Јане Сандански“ беше без резултатски притисок и поради тоа понуди доста голови и многу драма, која на крајот заврши со домашно славје.
Ракометарите на Вардар 1961 одиграа според планот и убедливо го победија Елверум со 39-30 (17-16) во последниот натпревар во групната фаза на Лигата на шампионите. Иако се измачија и до завршните десет минути беше неизвесно, тогаш „црвено-црните“ уфрлија во брзина повеќе и го декласираа ривалот. Во осминафиналето за противник Вардар ќе го има унгарски Веспрем.
Ракометарите на Вардар 1961 ќе го дочекаат Елверум во последното 14. коло во групната фаза на Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ веќе се пласираа во осминафиналето, а бидејќи ситуацијата и во другата група е јасна за ривал ќе го имаат Веспрем.
Екипата на Вардар в среда навечер ќе го дочека Елверум во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите. Во СЦ „Јане Сандански“, без резултатски императив и за сопствена сатисфакција „црвено-црните“ ќе одат на победа за позитивен финиш на првата фаза.
Ракометарите на Вардар 1961 без резултатски товар ќе го дочекаат Елверум во последното коло на Лигата на шампионите. Откако ЕХФ ги распредели бодовите од неодиграните натпревари, вардарци се зацврстија на петтото место, а во спротивната група четврти ќе биде Веспрем, па така старите познаници закажаа меѓусебно осминафинале.