Македонската репрезентација сепак на Европското ракометно првенство во Унгарија извојува победа, но со хуманост! Со асистенција на компанијата Mozzart за 25 голови на првиот натпревар против Словенците издвоени се 125.000 денари за добротворни цели.
Ракометната репрезентација на Македонија со пораз го отвори Европското првенство во Унгарија и Словачка, ама на паркетот во „Феникс Арена“ никалку не разочара со прикажаната партија против фаворизираната Словенија.
Пласманот во главната групна фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка сега е тешка мисија за македонската репрезентација. Поразот од Словенија драстично ги намалува нашите опции за пат за Будимпешта, бидејќи в понеделник во оваа група ни следи дуел со Данска, која се вбројува меѓу најголемите фаворити на турнирот.
Првите вибрации од натпреварот против Словенија во Дебрецин се позитивни и покрај поразот. Со тим кој првпат игра заедно и против себе има една од најдобрите европски селекции, Македонија одигра рамноправно и само детали и неускуство ја делеа од првите бодови на шампионатот.
Ако на теренот подмладената Македонија не успеа да ја изненади фаворизираната Словенија, а малку недостигаше за тоа, на трибините дуелот кој долго се очекуваше изостана. Македонските фанови го исполнија својот сегмент на арената во Дебрецин и комплетно доминираа на трибините.
Со повеќе позитивни периоди во натпреварот Словенија ја совлада Македонија, иако беше далекуи од своето најдобро издание. Избраниците на Љубомир Врањеш се соочија со брза и незгодна Македонија, која со одличната одбрана и расположениот Томовски долго време остана во натпреварот.
Ракометната репрезентација на Македонија одигра допадлив натпревар, но не успеа да го изненади големиот фаворит Словенија (25-27) во првиот натпревар на стартот на Европското првенство (ЕП) кое се игра во Унгарија и во Словачка. Пресудија техничките грешки и промашувањата во клучните моменти, кога требаше да се фати сериозен приклучок во средбата. Следниот натпревар за Македонија е на 15 јануари против селекцијата на Црна Гора (18:00), додека Словенија во истиот ден ја чека дерби-пресметка со главниот фаворит за тронот Данска (20:30).
Столе Стоилов настапи во дресот на Македонија против Словенија (27-25) и дојде до рекорд - стана играч со најмногу настапи во „црвено-жолтата“ опрема на Европските првенства. Но, кружниот напаѓач кој дојде до бројката од 29 меча не успеа да ѝ се израдува на победата.
Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш, може да биде задоволен од бодовите, но не и од играта на своите избраници во натпреварот со Македонија (27-25). Балканската селекција славеше со тешка мака против нашиот национален тим кој беше без Кирил Лазаров во составот.
Филип Кузмановски беше втор стрелец во дресот на Македонија во поразот од Словенија (27-25), а по натпреварот даде коментар и истакна дека репрезентацијата може да жали за неуспехот затоа што техничките грешки го одлучиле победникот.
Со никогаш помлада репрезентација, нашиот ракометен национален тим не се посрамоти и му покажи „заби“ на фаворитот во групата Словенија. Дуелот во Дебрецин заврши со победа од 27-25 (13-10) за момците на Врањеш.
Македонија одигра допадливо и храбро, но на отворањето на Европското првенство (ЕП) загуби од Словенија (27-25), а овој натпревар беше од големо значење за Столе Стоилов.
Македонија првпат загуби на еден натпревар од Европско првенство против словенечките ракометари. По победите во Белград и Загреб, нашиот ракометари загубија во Дебрецин од Словенците и по петти пат се поразени на деби на континентален собир,
Македонија со пораз го започна своето осмо учество на Европско првенство. Во Дебрецин загубивме од Словенија со 27-25 (13-10), иако во одредени моменти игравме рамноправно и допадливо.
Ракометната репрезентација на Македонија одигра допадлив натпревар, но не успеа да го изненади големиот фаворит Словенија (25-27) во првиот натпревар на стартот на Европското првенство (ЕП) кое се игра во Унгарија и во Словачка. Пресудија техничките грешки и промашувањата во клучните моменти, кога требаше да се фати сериозен приклучок во средбата.
Второто полувреме започна со атрактивна акција на македонските ракометари. Кирил Лазаров се одлучи за игра „седум на шест“, која резултира со погодок уште на почетокот од продолжението.
Репрезентациите на Македонија и Словенија одиграа активен прв дел во кој преовладуваа техничките грешки, па поради тоа ниту една селекција не се одлепи.
Македонија одигра периодично прво полувреме, имаше два позитивни, но и два негативни интервали во првиот дел и на одмор на дебито на Европското првенство во Дебрецин заостанува со 13-10 зад фаворизираната Словенија.
Ракометната репрезентација на Македонија игра ново Европско првенство (ЕП) и го прави јануари интересен за Македонците, а избраниците на Лазаров имаат и солидна поддршка од трибините.
Репрезентацијата на Македонија ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство, а во воведното коло ќе се судри со Словенија. Ривалот е добро познат, мотивиран и силен со квалитетни имиња на сите позиции, па дефинитивно нема да биде лесно.
Репрезентацијата на Македонија денес започнува со настап на уште едно големо натпреварување. Европското првенство 2022 ќе го започне со судир со Словенија на Љубомир Врањеш.
Ракометната репрезентација на Македонија денес ќе се соочи со Словенија, во првото коло на Европското првенство. Во „Феликс Арена“ во Дебрецин, избраниците на Кирил Лазаров ќе бркаат изненадување против балканскиот ривал.
На големите ракометни приредби Македонија и Словенија секогаш играле значајни натпревари. Од историскиот дуел за петто место во Белград пред десет години, преку осминафиналето на Мундијалот во Катар пред седум години, до последниот голем дуел во Загреб 2018 година.
Словенија како фаворит ќе влезе во дуелот со македонската репрезентација попладнево во Дебрецин. Бубмејкерите им даваат многу поголеми шанси на избраниците на Љубомир Врањеш, иако Македонија го смени стилот на игра и е далеку понпредвидлива од претходно.
Ракометната репрезентација на Македонија го одржа континуитетот на настапи на големите ракометни собири и вечерва ќе го има своето деби на 11-то учество во низа на планетарните и континенталните собири. Подмладена како никогаш досега, Македонија на Кирил Лазаров го игра можеби клучниот натпревар на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Попладнево почнува Европското првенство во ракомет, а вторпат во нашата историја на отворањето се соочуваме со репрезентацијата на Словенија. Пред четири години во Унгарија се сретнавме со Зарабец, Маргуч и другарите и извојуваме победа со 25-24.
Репрезентацијата на Македонија е во својата тренинг база во Дебрецин, каде што утре ја чека пресметка со Словенија на стартот на Европското првенство. На брифингот кој го организираше Ракометната федерација на Македонија зборуваше Жарко Пешевски.
Филип Кузмановски, полека но сигурно, прераснува во носител на репрезентацијата на Македонија. Бекот има добри настапи во Бундеслигата и неговата форма оди во нагорна линија. Од Кузмановски се очекува многу и на Европското првенство, а на денешниот брифинг со новинарите тој ги изнесе своите очекувања.
Филип Талески се пронајде во Вардар 1961 сезонава и конечно почна да ја враќа формата која го красеше на стартот на кариерата. Репрезентативниот бек на Македонија игра одлично и заедно со Кузмановски ќе „диригира“ на Европското првенство.
Во пресрет на Европското првенство и натпреварите со Словенија, Црна Гора и Данска, најискусен по селекторот во тимот е Филип Миркуловски. Со слична задача како и Лазаров, средниот бек ќе работи и на теренот, но и надвор од него во стручниот штаб. На ден пред натпреварот со Словенците, Миркуловски ги изнесе своите очекувања од подмладениот тим.
Репрезентацијата на Македонија пристигна во Дебрецин и ќе го одработи првиот тренинг во „Феникс Арена“. Сепак, пред селекторот Кирил Лазаров да подели дел од последните совети, тој и уште пет ракометари се појавија пред медиумите и ги изнесоа своите мислења.