• Бразил си оди дома, последното четвртфинално место за Германија

    Германија го потврди третото место во групата А со триумф над директниот ривал Бразил (29-25). Избраниците на Алфред Гисласон го пополнија последното место во четвртфиналето на ракометниот турнир. Јужноамериканците стартуваа со три порази и не ја остварија желбата да се пласираат во нокаут фазата. Денешниот натпревар против германската репрезентација ја потврди лошата форма на Бразилците.